Потпишан договорот за подземна сообраќајница кај Старата железничка станица

Bez autora
Mar 12 2012

Во понеделникот градските власти на македонската престолнина Скопје, склучија договор со турската компанија „Лимак“, со кој се уредуваат односите за изградба на подземната сообраќајница во согласност со Деталниот урбанистички план „Стара железничка станица“. Во име на Градот Скопје договорот го потпиша градоначалникот Коце Трајановски, а во име на фирмата „Лимак“ договорот го потпиша Халдун Фират Коктурк, одговорен за Балканот во оваа компанија. Компанијата "Лимак" ќе ја изгради новата сообраќајница под земја, на длабочина од шест метри. Булеварот ќе биде долг 800 метри и ќе има по три коловозни ленти во секоја насока. Се очекува градежните работи на подземната сообраќајница да почнат за една година. Прво ќе се гради булеварот, а потоа и објектите што ќе никнат над него, објекти за колективно домување, трговски и деловни центри и хотели.

Потпишан договорот за подземна сообраќајница кај Старата железничка станицаВо понеделникот градските власти на македонската престолнина Скопје, склучија договор со турската компанија „Лимак“, со кој се уредуваат односите за изградба на подземната сообраќајница во согласност со Деталниот урбанистички план „Стара железничка станица“.

Во име на Градот Скопје договорот го потпиша градоначалникот Коце Трајановски, а во име на фирмата „Лимак“ договорот го потпиша Халдун Фират Коктурк, одговорен за Балканот во оваа компанија.

„Компанијата ’Лимак’ ќе ја изгради новата сообраќајница под земја, на длабочина од шест метри. Булеварот ќе биде долг 800 метри и ќе има по три коловозни ленти во секоја насока. Се очекува градежните работи на подземната сообраќајница да почнат за една година. Прво ќе се гради булеварот, а потоа и објектите што ќе никнат над него, објекти за колективно домување, трговски и деловни центри и хотели. Со овој договор практично почнува реализацијата на проектот за Јужен булевар во Скопје. Градот Скопје во наредниов периодот ќе почне да прави проекти за продолженијата на подземната сообраќајница и нејзиното поврзување со булеварот ’Митрополит Теодосиј Гологанов’“, рече градоначалникот Трајановски на потпишувањето на договорот.

Претставникот на „Лимак“, Халдун Коктурк, објасни дека ова е прв проект на компанијата во Република Македонија.

„Компанијата „Лимак“ е еден од најголемите инвеститори во Република Турција, којашто од 1976 година работи со инвестиции во градежништвото, туризмот и енергетиката. Скопје е еден од најкултуролошките градови на Балканот и ние сме сигурни дека со нашата заложба градот уште повеќе ќе се изгради“, нагласи Коктурк.

Компанијата „Лимак“, според договорот, откако ќе ја изгради подземната сообраќајница има обврска да ја предаде во владение на Градот Скопје.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik